Двајца загинати во невремето во САД

Најмалку две лица починале во снежната бура која втор ден поред го ремети вообичаениот живот на населението на североисточниот дел од САД, поради што јавниот транспорт е парализиран а без електрична енергија остнаа најмалку половина милиони жители.

 
Високи намети снег, густата магла на аеродромите, со снег прекриен њујоршки Тајмс сквер се снимките што ги пренесуваат американските медиуми од североисточниот дел на САД, а во сојузните држави Њујорк и Конектикат во саботата паднале во просек 46 сантиметри снег, а според прогнозите во државата Масачусетс се очекуваат 60 сантиметри снег.
Густиот снег во овој дел од САД во кој живеат повеќе од 40 милиони жители, почна да врне во петокот попладне по локално време. Метеоролозите најавуваат дека во сабота попладне ќе престанат врнежите Во некои делови од североистокот на земјата дуваат ветришта со брзина од 119 километри на час.
Американските медиуми јавуваат дека невремето ги зема првите две жртви, 74-годишен пешак кој настрадал во државата Њујорк кога на него налетало возило чија сопственичка ја изгубила контролата на замрзнатиот коловоз. Уште еден маж го загубил животот во државата Њу Хемпшир кога ја изгубил контролата врз возилото што го управувал и удрил во дрво.
Во областите на Масачусетс, Род Ајсленд, Конектикат, Њујорк и Мејн прогласена е вонредна состојба, а 500 илјади жители останале без електрична енергија.
Гувернерот на државата Масачусетс донел невообичаена одредба, го забрани управувањето со приватни автомобили во одреден временски период за да им се овозможи на спасителите и механизацијата за расчистување на снегот што побрзо да ја завршат работата.
 
Во петокот навечер се откажани околу 4.900 летови, повеќето од Њујорк, каде беа затворени аеродромите „Џ.Ф. Кенеди”, „Ла Гвардиа”, и Њуарк.
Макфакс
Најмалку две лица починале во снежната бура која втор ден поред го ремети вообичаениот живот на населението на североисточн

Пронајдете не на следниве мрежи: