По пауза од една година, каде уметниците, сцената и публиката за момент прекинаа да дишат, со големо задоволство Ве покануваме на традиционалниот Новогодишен концерт на Пијано дуо – Јована и Мимоза, овој пат насловен како “Празнична рапсодија Vol.2”
На програмата ке бидат изведени дела од следниве композитори:
- Schubert– Andantino varie
- Schubert– Fantasy in f minor
- Liszt– Hungarian Rhapsody no.2
- Brahms– Hungarian dances no.1,2,3,4,5
Концертот ќе се одржи на 14.12.2021 (вторник) во 20 часот Камерна сала на Филхармонија
Цена на влезници: 300 денари
Билетите се веќе пуштени во продажба и може да се резервираат и подигнат од билетарницата на Филхармонија тел: 02 / 3238 182 или по e-mail: [email protected]
Со почит,
Мимоза Ќека & Јована Трајчеа
Биографии:
Мимоза Ќека пијано започнува да учи на петгодишна возраст, а основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј’. Дипломира во класата на проф. Тодор Светиев и магистрира (2017) под менторство на проф. Лилија Зилберштајн. Активно настапува одржувајќи целовечерни рецитали во рамки на фестивалите Златна лира, Нов културен бран, Festival international de piano Jeunes Talents- Франција, Сиена летен Фестивал на класична музика- Италија, Солеј- Фестивал на Франкофонијата- Бугарија, Интернационален фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, Музички недели – Париз, како и во склоп на концертната сезона на Bristol Music Club. Настапува и во состави, со ансамблот ConTempora, како и во рамки на Есенски музички свечености, Денови на македонска музика, Musica Viva. Посебно се издвојува нејзиниот настап со Симфонискиот оркестар на ФМУ-Скопје, под диригентство на маестро Саша Николовски – Ѓумар со изведба на Концертот бр. 2 за пијано и оркестар од К. Сен-Санс. Во ноември 2018 година заедно со Јована Трајчева успешно го реализираат проектот ,,Есенска Бајка’’- Хуманитарен концерт за СОС Детско село Скопје. Мимоза Ќека е член на Сојузот на Музички Уметници на Македонија.
Јована Трајчева своето музичко образование го започнува на 7 годишна возраст во ДМБУЦ ,,Илија Николовски-Луј’’. Дипломира и магистрира (2017) на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Нина Костова, на одделот по музичка интерпретација. Од 2015 работи како професор во ДМБУЦ ,,Илија Николовски – Луј’’. Бележи успешни настапи и на фестивалите Охридско лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Musica Viva, Есенски музички свечености. Има одржано повеќе солистички рецитали во градови низ Р.Македонија- Скопје, Охрид, Тетово, како позначаен ќе се спомене и рециталот во црквата Св.Софија во Охрид 2017 година, настапува и со македонската филхамонија по повод 13ти Ноември, изведувајќи ја Рапсодија за Скопје од А. Џамбазов. Бележи настапи и натпревари и фестивали и надвор од Македонија- Рим, Ибица, Милано, како и во Cite des Arts во Париз, Интернационален фестивал Concerti del Tempietto во Театро Марчело Рим, Италија, Музички недели – Париз. Настапува и со оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентската палка на Ле Фи Фи. Заедно со Мимоза Ќека успешно го реализираат проектот ,,Есенска Бајка’’-Хуманитарен концерт за СОС Детско Село Скопје. Јована Трајчева е редовен учесник на семинарите на проф. Борис и Људмила Романови.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.