Како да заштедите вода?

Да заштедите вода е тешка, напорна и долготрајна задача. Без разлика на тоа што моментално го мислите за овој предизвик, ве уверуваме дека овие чекори до парична заштеда и чување на околината и водата за пиење се едноставни, но и многу забавни. За да заштедите вода во вашето домаќинство, има многу начини.
1. Намалете го времето на туширање на 3-5 минути за да заштедите вода.
2. Користете слаб млаз на вода
Со ова може да заштедите и до 75 отсто повеќе вода отколку вообичаено.
3. Поретко мијте ја косата
Косата не треба да ја миете секој ден бидејќи тоа му штети на скалпот. Исто така ова е уште еден начин да заштедите вода.
4. Користете мала чаша додека ги миете забите
Нема потреба водата да тече додека ги миете забите. Наполнете ја чашата со вода и исплакнете ги забите со таa вода.
5. Некои алишта може да ги перете на раце за да заштедите вода и енергија.
6. Поставување тоалетна школка со копче за двојно пуштање вода.
Ваквиот механизам овозможува да пуштите појак и послаб млаз вода, во зависност од потребата.
7. Фрлајте ги отпадоците во канта, а не во тоалетната школка
Марамчињата, остатокот од храна или помалиот отпад не фрлајте го во школката и не пуштајте вода, туку фрлете го на правилното место.
8. Полнење на машината за садови до крај
Никогаш немојте да ја вклучувате машината за садови доколку не е целосно исполнета со валкани чинии. На тој начин ќе потрошите помалку вода, струја и енергија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.