Судија нареди ексхумација на телото на нобеловецот Пабло Неруда

Чилеански судија нареди ексхумација на телото на познатиот поет и нобеловец, Пабло Неруда, во рамки на истрагата за неговата смрт во 1973 година.

Поетот, кој беше левичар, умре 12 дена по воениот удар во таа земја, кога место социјалистичкиот претседател Салвадор Аљенде, завладеа генералот Августо Пиноче.
 
Неруда беше жесток критичар на ударо. Неговото семејство објави дека умрел во клиника во Сантјаго од рак на простата во 69 година.
 
Меѓутоа во 2011 година, покрената е истрага по информациите дека Неруда бил отруен.Датумот на ексхумацијата не е одреден.
 
Истрагата почна откако возачот на Неруда, Мануел Араја Осирио рекол дека агенти го отруле во клиниката по наредба на Пиноче.
 
Покрај сите нови информации од истрагата, фондацијата која се грижи за неговото наследство, соопшти дека верува оти Неруда починал од природна смрт, јави BBC.
 
Пабло Неруда, со вистинско име Рикардо Елзер Нефтали Рејес Басоалто, во историјата на книжевноста е најпознат како автор на љубовна поезија.
 
Подоцна преминува на општествено политичка лирика, а во 1971 година ја доби Нобеловата награда за книжевност.
Макфакс
Чилеански судија нареди ексхумација на телото на познатиот поет и нобеловец, Пабло Неруда, во рамки на истрагата за неговат

Пронајдете не на следниве мрежи: