Потребни состојки:
(за 4 лица)
500 г пилешко бело месо
400 г свежи шампињони
За бешамел:
30 г путер
11 лажици брашно
300 мл млеко
100 г павлака за готвење
Сирење за одозгора
Подготовка:
Исечкајте го белото месо на тенки линии, пропржете го секое парче на малку масло за да добие убава боја. Издинстајте ги шампињоните на маслото во истата тава.
За бешамел сосот растопете путер, а во него додајте лажица и пол брашно, додајте мелко, а откако ќе почне да врие додајте и кисела павлака. Премачкајте го огноотпорниот сад со путер и наросете со презла, потоа редете бело месо, па печурки и тогаш прелијте со бешамел сос. Повторете ја постапката додека да ги потрошите сите состојки.
Пред да ги пржите месото и печурките посолете ги. На крај, изрендајте сирење и ставете го во рерна да се запече околу 20 минути на умерена температура.