Промоција на книгата „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од Зоран Пејковски

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска беше промовирана книгата „Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски. На промоцијата на ова книжевно издание посветено на творештвото на Конески, кое е само неколку дена пред одбележувањето на 100 години од раѓањето на Блаже Конески покрај другите гости присуствуваа и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, претседателот на Совет, Дејан Проданоски и претставници од Фондацијата „Небрегово“.

Книгата „  Блаже Конески присутен и во македонската драматургија“ од драмскиот автор Зоран Пејковски редовен академик на Руската федерација, драматург, публицист, писател, зборува за творештвото на Конески од агол кој не е  често користен, издание кое е значајно и според предметот на истражувања и според резултатите кои ги нуди,  вели  д-р Мишел Павловски.

Зоран Пејковски е автор на над 20 драмски дела, на над 20 поетски книги, еден роман, 3 публицистички книги,  4 научно истражувачки книжевни дела од областа на театрологијата и на над 20 трудови  од областа на научната мисла, на литературни критики и на рецензии за книжевни дела и театарски изведби.

Добитник е на повеќе домашни и странски награди,  а во 2018 година се стекнува со титулата  Европски писател на поезијата и уметноста што ја доделува  Номинациската комора за награди од Брисел при ЕУ.

https://www.youtube.com/watch?v=Pt3FWEAfT2o

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.