четврток, 12 ноември 2026
Најново

Облачно со силен северен ветер, најави за снег

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Попладне и во текот на ноќта претежно во северните делови ќе има повремен локален снег.
Утринските температури ќе се движат од -5 до 3 степени, а максималните од 2 до 12 степени. Во Скопје максимална дневна температура до 8 степени.
За викендов се најавува променливо облачно со повремен локален снег. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието повремено силен ветер од северен правец.
Од понеделник времето ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Поврзани вести