Четири работи кои не треба да ги чувате во кујната

Затоа не е чудно зошто сите уживаме во уредување на тој простор со предмети коишто ни се допаѓаат и за кои сметаме дека ќе ни бидат потребни, од садови до украсни кутии, прибор за јадење и разни зачини и многу други работи.
Но, дали сте сигурни дека сè што чувате во кујната ви е потребно? Има некои работи кои ги чуваме во кујната, но не би требало да стојат таму – не поради естетика, туку поради здравје.
Намирници на кои им поминал рокот на траење
Ќе се запрашате дали е воопшто потребно да се објасни. На секој од нас му се случило да почне да подготвува некое јадење и да посегне по некој производ на кој му истекол рокот. Зошто се случува тоа? Затоа што понекогаш заборавате што сè сте купиле, не ги користите тие производи подолго време, па избегнувате повторно да го купите тој производ бидејќи сметате дека веќе го имате. Затоа понекогаш е добро да направите „чистка“, т.е да ги прегледате сите намирници и да ги фрлите оние со истечен рок, а доколку рокот им истекува за брзо време, направете нешто вкусно веднаш.
Прибор за готвење закачен на ѕидот
Приборот за готвење не треба да биде закачен на ѕидот туку треба да стои во некоја фиока. Што и да виси во кој било простор собира прашина и микроорганизми.
Стари крпи
И покрај тоа што ги перете редовно и дезинфицирате, ваквите предмети се изработени со намера да се користат кратко време. Треба да ги менувате многу често за да не пренесете прашина на чиниите, чашите и слично.
Нотеси и документи
Кујната не е ваша канцеларија ниту работна маса. Не треба да ги ставате важните документи на масата бидејќи се пренесуваат бактерии, правите неред во кујната, лесно може да ги изгубите или по грешка да ги фрлите во канта. Кујната е место за подготвување јадења. Истото важи и за книгите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.