Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили.
Во разговорот, соговорниците разменија мислења во врска со билатералните односи меѓу двете држави, актуелните состојби и предизвиците во регионите на Кавказот и Западниот Балкан, како и претстојните активности во рамки на претседавањето со ОБСЕ од страна на тројката, Шведска, Полска и Северна Македонија.
Во таа прилика, претседателот Пендаровски се осврна на приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година и ja поздрави идејата на претседателката на Грузија да се одржи конференција во Тбилиси со учество на жени лидерки во справување со конфликти, мирот и безбедноста, со поддршка на ОБСЕ.
Пронајдете не на следниве мрежи:



