Потребни состојки:
100 г кокос
300 г бело чоколадо
150 мл слатка павлака
Кокос за декорација
Начин на подготовка:
Исечкајте го чоколадото на коцки. Загрејте ја павлаката до вриење и прелијте ја врз чоколадото. Мешајте со маталка додека да се стопи чоколадото и да се поврзе со павлаката. Додајте кокос во смесата и павлаката и оставете го да се излади на собна температура. Откако ќе се излади смесата, ставете ја во фрижидер да се излади.
Извадете ја смесата од замрзнувач. Со лажица извадете од смесата, направете бомбица и потоа извалкајте ја во кокос. По обликување чувајте ги во фрижидер.