Потребни состојки:
-1,5 кг филети риба ослич
-3 главици кромид
-2 дл бело вино
-толчени лути пиперки
-5 лажици доматно пире
-мешавина од суви зачини
-сол
-маслиново масло
Начин на подготовка:
Кромидот ситно исечкајте го, зачинете со сив зачин и попржете го на малку масло, додека не омекне. Налејте од виното, нека поврие па додадете чаша вода. Ставете ги лутите пиперки по желба, нека се вари додека кромидот целосно не се свари. По потреба додавајте вода.
Кога сосот ќе згусне и водата ќе испари, додадете го доматното пире.
Филетите риба посолете ги во брашно и испржете ги. Наредете ги рибите во огноотпорен сад па залејте ги рибите со сосот. Може да послужите или да запечете во рерна десетина минути.