Седум туристки од Шпанија силувани во Акапулко

Трагично заврши одморот за седум туристки од Шпанија во светски познатото монденско мексиканско летувалиште Акапулко, откако ноќта кон понеделникот биле силувани од засега неидентификувани напаѓачи, соопштија во вторникот локалните власти.
Според локалните медиуми, девојките отседнале во еден од малите приватни хотели во засебни бунгалови. Во текот на ноќта во бунгаловите влегле вооружени луѓе и ги силувале туристките.
Нападнатите се згрижени во специјалната служба за сексуални деликти, а помош им дава и министерството за туризам на мексиканската сојузна држава Гереро, додека властите интензивно трагаат по злосторниците.
Властите се заинтересирани за брзо расветлување на случајот и откривање на престапниците, стравувајќи дека инцидентот може силно да му наштети на имиџот на Акапулко како туристичка дестинација чиешто население од оваа дејност ги остварува речиси сите приходи.
 
МакфаксТрагично заврши одморот за седум туристки од Шпанија во светски познатото монденско мексиканско летувалиште Ака

Пронајдете не на следниве мрежи: