Бисквит торта со кокос

Брза, едноставна, кремаста, лесна и вкусна – бисквит торта со кокос која не се пече и се подготвува многу брзо. Доколку сакате нешто слатко и немате премногу време, оваа торта е вистинскиот избор.
СОСТОЈКИ:
4 дл млеко
150 гр шеќер
1 кесичка пудинг од ванила
100 гр кокос
100 гр путер или маргарин
1 кесичка шлаг (бел шлаг)
120 мл млеко
150 гр кршени бисквити
75 мл млеко
1 лажичка рум арома
ПОДГОТОВКА:
Ставете 3 дл млеко и шеќер да зовријат, а пудингот изматете го во 1 дл млеко.
Гответе го пудингот на вообичаен начин. Во врелиот пудинг измешајте ги кокосот и путерот/маргаринот.
Мешајте додека не се соединат сите состојки.
Ставете го филот во фрижидер. Измешајте го шлагот во изладениот фил.
Искршените бисквити посипете ги со млеко и рум арома, па измешајте ги во филот со кокос.
Тавата за леб (или друга по избор) покријте ја со фолија, истурете ја смесата, израмнете и оставете во фрижидер да се стегне (по можност преку ноќ).
Свртете ја тортата на послужавник, извадете ја фолијата и декорирајте по желба – со чоколадна глазура, шлаг, кокос…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.