Дали навистина е потребно да се мие тукушто купената ОБЛЕКа и постелнина?

Многумина се прашуваат дали тоа е потребно
Иако домаќинството се практикува уште од почетокот на човештвото, и денес постојат различни митови и сомнежи кога се работи за домашните работи.
Една од работите што луѓето често ја правиме е перење ново купена облека и постелнина. Дали има потреба од тоа?
Номи Дејл Клајнман, претседател на одделот за дизајн на текстил во Њујоршкиот институт за модна технологија, вели дека перењето на ново купениот текстил не е навистина неопходно.
Сепак, таа додава дека тоа е многу препорачливо. Објасни и зошто.
– Текстилните производи може да содржат хемикалии кои остануваат од производствениот процес, како што е скроб што се користи за одржување на облеката. Постојат многу чекори низ кои ткаенината поминува пред да стигне до продавниците, па дури и природните влакна можат да бидат извор на иритација.
– Природните влакна при изработката на облеката бараат третман со специјални лубриканти, па затоа понекогаш се користат смола и скроб, особено во процесот на ткаење. Покрај тоа, сапун и натриум хидроксид се користат за перење и боење облеката.
Професорката вели дека повеќето луѓе нема да почувствуваат никакви последици доколку не ја исперат облеката по купувањето. Меѓутоа, ако имате чувствителна кожа, хемиските остатоци може да предизвикаат чешање или иритација на кожата.
Таа препорачува при перење да се користи хипоалергенски детергент без токсини.
Се случува обоената облека, како фармерките, да испушта боја при првото носење, па може да ви го извалка мебелот, затоа се препорачува перење на овие алишта, од превентивни причини.
Значи, перењето на ново купената облека и постелнина не е неопходно, но се препорачува, особено ако имате чувствителна кожа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.