Потребни состојки:
-половина килограм компир
-2 јајца
-100 мл млеко
-100 г брашно
-сол, бибер
-масло за пржење
Начин на подготовка:
Отстранете ја лушпата и сварете ги компирите во солена вода. Кога ќе омекнат, изрендајте ги и помешајте ги со јајцата, брашното и млекото. Посолете, ставете бибер и зачин по желба. тестото треба да биде глатко.
Во тавче загрејте масло и пржете ги палачинките со компири додека не поруменат од двете страни.