Готова за 10 минути: Чоколадна торта со бисквити и ореви

Доколку немате идеја за десерт за новогодишната трпеза или едноставно сакате да каснете нешто благо, оваа торта се подготвува многу брзо, а има божествен вкус.
Овој рецепт за торта е толку брз и едноставен, содржи само 6 состојки и е одличен избор за новогодишната трпеза.
Може да ја подготвите и доколку не сте искусна домаќинка, не бара посебен труд, а вкусот е неверојатен.
Состојки:
– 200 грама бисквити;
– 100 грама ореви;
– 200 грама некој крем или чоколаден намаз;
– 400 грама крем-сирење;
– 200 милилитри слатка павлака;
– 80 грама путер.


Подготовка:
Измелете ги бисквитите и оревите во блендер, па помешајте ги состојките со стопениот путер. Обложете го калапот за торта со хартија, па втиснете ј смесата во него како прв слој.
Изматете го крем сирењето со чоколадниот намаз или крем, па таа нијанса нанесете ја на претходниот слој.
Изматете слатка павлака, па нанесете ја како трет слој на тортата.
Доколку сакате да биде послатка, додадете и крем или чоколадо на врвот од тортата или пак посипете со мелени ореви или бисквити по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.