Италијанскиот конзул во либијсиот град Бенгази, Гвидо де Санктис, остана неповреден во нападот што непознати лица го извршиле врз неговиот автомобил во движење, соопшти италијанското министерство за надворешни работи.„Тој е неповреден“, изјави претставник на италијанското министерство.Неименуван безбедносен извор од Либија за агенцијата Ројтерс изјави дека италијанскиот конзул се наоѓал во блиндиран автомомобил и дека во инцидентот нема повредени.Безбедноста на државјаните на западните земји во вториот по големина либиски град е подигната на големо ниво, откако на 11 септември минатата година во нападот на американскиот конзулат беше убиен американскиот амбасадор и уште три американски државјани.
МакфаксИталијанскиот конзул во либијсиот град Бенгази, Гвидо де Санктис, остана неповреден в



