ПРВО ДИРЕКТНО ОБРАЌАЊЕ НА ДУШКО ТОШИЌ: Не сум насилник, туку џентлмен

По написите дека Јелена Карлеуша на 7 јануари Божиќ го пријавила сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство, медиумите пишуваат дека фудбалерот добил забрана да и се приближува на Карлеуша во следните 30 дена.
По овој повод, се огласи и Тошиќ.
-Почитувани следбеници, пријатели и медиуми. Вообичаено не сакам да се огласувам по повој повод бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што го објавуваат повеќето медиуми и затоа сум принуден да се обратам на овој начин.
– Како што гледате, секаде сум претставен како насилник и сум полошата страна во секој наслов.
Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа сакам да знаете дека и овој пат ќе останам доследен на себе, ќе чекам да помине ветерот против мене,- напиша Душко во соопштението.
За потсетување, на Божиќ српските медиуми пишуваа дека Душко ја плукнал Карлеуша и удрил шлаканица, па таа наводно го пријавила во полиција.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.