Либија го скрати името, отстранет називот џамахирија

Либискиот национален конгрес едногласно го усвои нацрт законот со кој се укинува називот Голема џамахирија, кој во 1986 година го воведе поранешниот либиски лидер Моамер ел Гадафи.

Како што пренесува весникот „Елаф“, новото име ќе биде држава Либија и тој ќе важи од моментот кога ќе биде усвоен новиот устав.
Одлуката е донесена на барање на граѓаните и на повеќе организации.
Целосното име на државата-Голема Социјалистичка Народна Либиска Арапска Џамахирија-се користи на многу документи како и на банкнотите на либискиот динар.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: