Првиот рекет на светот Новак Ѓоковиќ ја победи Државата Австралија на федералниот суд, по што му е дозволено да влезе на територијата на таа земја и има шанса да настапи на Австралија опен кој започнува за една недела.
Но, тој не е единствен кој ја добил државата на суд, со истото се справија и пејачките Цеца и Тања Савиќ.
Цеца правдата се обиде да ја добие уште во 2005-та година кога Австралија и забрани влез како непожелна за нив.
Имено Цеца била одбиена откако на социјалните мрежи се појавила фотографија од Вуковар од далечната 1991-та година од непозната девојка која е речиси идентична на неа.
На неа тогаш и била и прикажана видео снимката на која девојката навистина потсетува на неа, но не е самата Цеца.
Цеца тој спор го доби, а потоа слободно патувала во таа земја.
Исто така неодамна правна битка водеше и Тања Савиќ околу старателството на синовите Максим и Ѓорге која траеше точно година дена.
Сопругот на пејачката во април 2020 година ги одведе децата во Австралија без да знае таа, а потоа започна и целата правна битка против државата која вроди со плод лани.
Се шпекулира како таа на адвокатите им давала цело богатство околу битката да си ги поврати децата назад во Србија.