Руската полиција ослободи девојче и ги уби грабнувачите во Дагестан

Руските специјални сил на полицијата во саботата убиле најмалку седум и ослободиле шестгодишно девојче кои било земено како заложник во руската кавкаска република Дагестан.

Грабнувачите кои се осомничени дека се припадници на исламистичките бунтовнички групи се убиени во станбена зграда во дагестанската престолнина Махачкала во текот на полициската акција. Според полицискиот извештај, тие упаднале во стан во зградата и го земале како заложник девојченцето.
„Со синхронизирана и професионална операција на специјалните сили, дете е ослободено, а криминалците се неутрализирани“, изјавил претставник на републичката антитерористичка комисија.
Акциите на исламистичките радикали кои прогласија емират на Северен Кавказ, последните години од Чеченија се прошири на соседните Дагестан, Ингушетија, Кабардино-Бакардија, каде се вршата напади врз припадници на полицијата, безбедносните сили, умерени претставници на исламските верски органи и цивили.

Пронајдете не на следниве мрежи: