Северна Кореја подготвува нов нуклеарен тест

Северна Кореја го санирала штетите од поплавите во својот нуклеарен центар и би можела многу брзо да пристапи кон третиот тестирање, соопшти во петокот американскиот истражувачки центар повикувајќи се на сателитски снимки.

Снимките биле направени околу 13-ти декември, ден по успешното лансирање на ракетата до долг дострел со која Вашингтон смета дека е балистичка, додека Северна Кореја тврди дека со неа поставила во орбитата научен метеоролошки сателит. Снимките на центарот севернокорејскиот Punggye-ri е во постојана подготвеноста, наведува американско=корејскиот институт на универзитетот Џон Хопкин.
Нуклеарната проба би можела да биде изведена за две седмици по одлуката за тоа, со услов тенкиот млаз вода откриен на влезот во тунелот да не претставува поголема пречка, додава институтот.
„Не можеме со сигурност да кажеме дали тој проблем е под контрола или е отстранет“, се додава во соопштението.
Северна Кореја првите нуклеарни проби ги направо во октомври 2006 година и во мај 2009 година, неколку месеци по неуспешното лансирање на ракетата носач.
На 12-ти декември годинава успешно ја лансираше ракетата „Унха-3“којашто во орбитата постави цивилен сателит за кој тврди дека има исклучиво научна задача. Меѓутоа, западните земји а особено САД сметаат дека за прикриено лансирање на интерконтинентална ракета, што е главната етапа од развојот на нејзината воена нуклеарна програма.
Советот за безбедност на Обединетите нации во моментов проучува нови санкции за комунистичка Северна Кореја, меѓутоа Кина којашто има право на вето, најави дека ќе се спротистави на „радикалните“ санкции, како и секој пат досега.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: