Доколку ви здодеаа класичните рецепти за пити, ви предлагаме нешто поинакво.
Зошто да не направите комбинација од пита и ролат со спанаќ и сирење.
По желба додадете шунка, печеница и уште нешто суво месо, па добивате сочно јадење.
Пробајте и уживајте!
Состојки:
тенка кора
7 брикети замрзнат спанаќ
200 гр сирење
2 јајца
1 лажица кисела павлака
200 гр сувомеснато
За прелив:
100 мл јогурт
1 јајце
50 мл. маслиново масло
1/2 прашок за пециво
Подготовка:
Скршете го сирењето, додадете две јајца, павлаката и спанаќот и изедначете. Во друг сад сипете јогурт, додадете јајце, масло и прашок за пециво и израмнете.
Првата кора премачкајте ја со 2-3 лажици прелив, над неа втората кора па третата кора. На дното на кората наредете ги листовите од суво месо и сирењето и спанаќот.
Свиткајте ги рабовите и завиткајте во ролат и наредете во плех обложен со хартија за печење.
Остатокот од преливот прелијте го врз ролатите. Се сече на пократки кифлички. Се пече на 200 степени околу 50 минути.