Доколку сакате слатки кнедли, ќе ви се допаднат и овие солени со мелено месо
СОСТОЈКИ:
1 кг бел компир
250 гр мелено месо
2 јајца
три лажици брашно
главица кромид
две чешниња лук
три лажици брашно
Сол, бибер
Масло
Излупете го компирот, па половината ставете ја да се вари. Остатокот од сировиот компир изрендајте го, а истото направете го и со сварениот кога малку ќе се излади.
Измешајте ги сварените и сировите компири, зачинете со сол и бибер, па додадете брашно и јајца. Оставете ја смесата да отстои половина час.
Во меѓувреме на загреано масло пропржете го меленото месо со ситно сечканиот кромид и лук. Зачинете по вкус.
Од смесата направете кнедли и во секоја ставете по една лажичка пржено месо. Гответе ги во солена вода околу 25 минути. Послужете ги кнедлите со прилог по ваш избор.