четврток, 12 ноември 2026
Најново

Заѕвони ѕвончето на Детската клиника – Четиригодишно девојче ја победи леукемијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

-Ни беше драго што лекувањето за девојчето заврши без никакви последици и што таа можеше да го чукне ѕвончето. Тоа значи дека среќата кај децата мораме да ја поддржуваме и почитуваме, а оттука почнува и среќата на возрасните, рече денеска директорката на Клиника д-р Софијанова.
На Клиниката за детски болести наскоро се планира да се отвори и нов оддел за онкологија, најави министерот за здравство Беким Сали кој беше во оваа клиника.
-Онколошкиот центар на клиниката за педијатрија е еден од поуспешните во регионот, рече Сали.
Наредните месеци новиот регионален онколошки центар ќе биде ставен во употреба со капацитет од 25 до 30 деца.
Моментално на клиниката има околу 20 деца со леукемија.

Поврзани вести