Не ви требаат вештини во кујната за да го подготвите ова сочно јадење: Рецепт за вкусно крцкаво пилешко

Доколку сакате да внесете чист протеин во вашето тело, оваа храна е одличен избор. Оваа храна е одличен избор за слабеење, како и за здраво одржување на тежината.
Состојки:
550 гр пилешко филе
150 гр чипс по избор, препорачливо да биде лесен
суви зачини
бибер
сол
масло
Подготовка:
За овој многу едноставен рецепт, треба да исецкате пилешко филе на одредени парчиња кои ви се лесни за конзумирање.
После тоа, сомелете го чипсот во еден сад.
Пред да го ставите пилешкото во распарчениот чипс, прво посипете го со малку масло и додадете зачини.
Потоа превртете ги парчињата пилешко во распарчениот чипс.
Печете околу 20 минути, на 180 степени или додека не порумени и пилешкото е сочно и крцкаво.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.