Што се случува со телото ако чантата постојано ја носите на едното рамо?

Сите ние обично постојано носиме чанта на едното рамо, што може да предизвика бројни здравствени проблеми.
Особено ако чантата што секојдневно ја носите е претешка.
Од проблеми со рамото, болки во вратот, до други здравствени проблеми кои треба правилно да се третираат.
Се случува десничарите да ја одберат левата страна за со доминантната рака полесно да го извадат од чантата она што им е потребно, а понекогаш да ја одберат страната што е посилна – односно леваците од левата страна и десничари од десната страна.
Многу ретко се случува да го замениме рамото на кое го носиме товарот. Меѓутоа, она што ви изгледа сосема природно, всушност може да биде многу штетно за вашето здравје.
Едно рамо спуштено
Напрегање на мускулите се јавува на рамото каде што ја носите чантата, што може да предизвика проблеми со рамото. Еден таков проблем е спуштено рамо кое може да биде малку под другото рамо. Овој проблем настанува како последица на лошите навики, телото ги прифаќа погрешните обрасци кои секојдневно му ги наметнуваме и одговара на свој начин.
Кога подолго време се задржуваме во таква положба, телото го прифаќа како природно, мускулите од едната страна се скратуваат, додека од другата стануваат послаби. Во мускулите кои се скратуваат има болни точки кои го скратуваат мускулот и создаваат болка. Честопати не ја чувствуваме болката што ја создаваат болните точки додека не ги допреме, па понекогаш масажата може да биде многу болна и непријатна.
Во повеќето случаи, болните точки поради кои едното рамо е пониско се наоѓаат на истата страна од телото. За успешно решавање на овој проблем, потребно е да се опуштат болните точки во овие мускули со истегнување на мускулите и изведување на корективни вежби.
Зачестени главоболки
Кога носите тешки чанти на едното рамо, еден од несаканите ефекти е главоболката. Причината е што мускулите на рамената и вратот се принудени да носат тежина, а нивните грчеви доведуваат до чести главоболки кои го попречуваат нормалното функционирање.
Како можете да бидете сигурни дека носењето тешка чанта на едното рамо е причина за вашата главоболка? Едноставно, ако чантата тежи повеќе од 4 килограми, најверојатно довела до активирање на главоболка. Честопати болката е лоцирана на едната страна од главата, а тоа е страната каде што вообичаено ја носите чантата (десно рамо – десен дел од главата).
Болка во долниот дел на грбот
Физиотерапевтката Семи Марго направила експеримент со жени на возраст од 21 до 55 години чии чанти тежеле 3, но и до 9 килограми.
Тоа е навистина голем дневен товар кој е поврзан со болки во долниот дел на грбот. Причината лежи во тоа што ја носиме чантата на едната страна и автоматски го напрегаме долниот дел од телото, кој не е навикнат на ваков товар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.