четврток, 12 ноември 2026
Најново

Комисијата за заразни болести најавува измени во важноста на ковид сертификатите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ќе почне ли Македонија конечно да ги следи искуствата од другите земји? Сертификатот за прележаност кој само кај нас е ограничен на 45 дена, најверојатно ќе претпи измени. Ова прашање е една од точките на утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести каде членовите ќе дискутираат за проширување на важноста на документот – колку за споредба во многу држави тој се признава од најмалку 4 месеци па до 270 дена.
-Покрај повеќето прашања на утрешниот состанок, да и тоа е една од точките на утрешниот состанок. Ќе дискутираме дали може да има измени во времетраењето на сертификатот за прележаност, изјави д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на КЗБ.
Освен за сертификатите, членовите на Комисијата ќе дискутираат и за големата смртност кај лица кои се целосно имунизирани. Како што веќе објави Сител, врз основа на факти кои ќе треба да ги утврди посебна работна група може да има и мерки за задолжителна имунизација кај лица со коморбидитети.
-Ќе дискутираме за методологијата за пресметувањ ена морталитетот и секако она што го има во дневните извештаи за смртноста, каква вакцина примиле починатите а аимунизирани, колку се со две дози, колку со бустер, колку време поминало од имунизацијата, вели д-р Мехмедовиќ.
На дневен ред е и актуелната епидемиолошка состојба во земјата, а на денешната координација на министерот со надлежние од ковид центрите е констатирано дека слободни места за хоспитализација има.

Поврзани вести