Првпат помалку од 50 отсто протестанти во Северна Ирска

Бројот на протестантите во Северна Ирска првпaт падна под 50 отсто, според статистичките податоци објавени во вторникот, што предизвикува стравувања дека сé поголемиот број католици во земјата би можело да ја наруши кревката политичка рамнотежа.

Бранот улични насилства во Белфаст изминатите неколку денови беа предизвикани од национализмот на повеќето од католичкото население кои сакаат да ги прекинат врските со Лондон и Северна Ирска да се спои со Ирска.

Во Северна Ирска националистите ја делата власта со мнозинските протестантски унионисти според договорот од 1998 година со кој беше ставен крај на насилството што траеше три децении и во кое беа убиени повеќе од 3.600 лица. Унионистите, благодарејќи на своето мнозинство, го имаат право на премиерската функција.

Меѓутоа, учеството на протестантите во вкупното население на Северна Ирска во последните десет година паднало од 53 на 48 отсто, додека на католиците се зголемило од 44 на 45 проценти.

Демографите, исто така, предвидуваат дека католиците, коишто се помлади во просек и имаат поголем број деца, наскоро може да станат мнозинство во Северна Ирска.

Тоа би можело да претставува закана за кревкиот мир во земјата, пишува британската новинска агенција Reuters. Католиците веќе имаат мнозинство во главниот град Белфаст, во кој живеат 136.497 католици наспроти 118.856 протестанти.

Губењето на протестантското мнозинство во градскиот совет во Белфаст овозможи националистичките партии да изгласаат отстранување на британското знаме од градскиот совет, освен за 1`7 денови од годината, што е првпат во последните сто години, и што всушност беше причината за неодамнешните безредија.

Покрај тоа, одликата на Лондон по 300 години да и' дозволи на Шкотска одржување на референдум за независност во 2014 година, ирските националистички кругови ја дочекаа како историска можност за отцепување.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: