Најстарата личност во светот го прослави својот 119-ти роденден

Кане Танака, родена во 1903 година, го прослави својот 119-ти роденден во Јапонија, продолжувајќи го својот рекорд како најстара личност на светот за уште една година.
Според повеќе јапонски медиуми, Танака го славеше својот роденден во неделата во домот за стари лица во Фукуока.
Семејството на Танака соопшти дека таа има намера да живее уште една година за да го достигне својот 120-ти роденден, дополнително зајакнувајќи го нејзиниот подвиг во Гинисовата книга на рекорди, која почна да ги бележи нејзините години во март 2019 година, кога таа наполни 116.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.