Кафето е она што му дава посебна арома на ова прекрасно уживање…
Состојки:
1 јајце
160 гр шеќер
60 мл масло
1 кесичка ванилин шеќер
прстофат сол
160 мл млеко
50 гр какао
200 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
100 мл врела вода
1 лажичка инстант кафе
Глазура:
200 гр чоколадо
100 мл слатка павлака
Подготовка:
Во еден сад изматете ги јајцето, шеќерот, ванилиниот шеќер, солта и маслото. Истурете го млекото и соединете сè. Додадете брашно, прашок за пециво и какао. Добро промешајте. Растворете го инстант кафето во зовриена вода и додадете го во претходната смеса. Истурете ја смесата во калап за печење. Се пече во загреана рерна на 180 степени 30 минути. Испечениот колач прелијте го со глазурата.