Идеја за ручек: Печен спанаќ со пилешко

Потребни состојки:
-400 г спанаќ
-2 главици кромид
-парче пилешко бело месо
-2 чешни лук
-зачин, сол, бибер
-половина шолја кус-кус
-1,5 дл врела вода
За прелив:
-2 јајца
-1 дл јогурт
-1 дл млеко
-малку сол
-пармезан за наросување
Начин на подготовка:
Спанаќот измијте го добро и исцедете од водата.
Во сад испржете го пилешкото месо исечено на коцки, заедно до кромидот. Додадете ги зачините и на крајот кус0кусот кој претходно треба да го потопите во врела вода неколку минути.
Во сад за печење, намачкан со масло, ставете половина од листовите спанаќ. Преку нив ставете го месото со кус-кус. Потоа повторно ставете листови од спанаќ. Сето тоа прелијте го со мешавина од јогурт, млеко, јајца и посолете.
На крајот посипете со пармезан. Печете на температура од 200 степени околу 25 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.