Момче упорно се обидувало да ѝ стави нешто во пијалокот: „Ги заменив чашите и само гледав како делува дрогата на него“

Многупати се зборува за небезбедни излегувања и неверојатно болни и предаторски однесувања на одредени лица.
Неодамна една девојка го споделила своето искуство и потврдила дека такви непријатности и натаму се случуваат.
Лили Повлес од Англија е една од многуте жени кои доживеале непријатни, но и опасни ситуации при излегувања. Својата приказна ја објавила на Твитер за да ја крене свеста за ставањето дрога во пијалок.
Таа за време на едно свое вечерно излегување забележала момче кое упорно се обидувало да дојде до нејзиниот пијалок, а кога му успеало тоа, ставило нешто во чашата.
Бидејќи таа го видела тоа, одлучила да ги замени нивните чаши, за да се спаси себеси и да види што ќе му се случи него.
Тврди дека потоа го пронашла во локва надвор од клубот како лежи во несвест, пренесува „Дејли мејл“.
„Синоќа се обиде двапати да ми го земе пијалокот, а подоцна стави нешто внатре. Ги заменив чашите кога отиде во тоалет и го пронајдов во локва како лежи пред клубот. Ти благодарам, кој и да си, подраго ми е што ти лежеше така, отколку јас“, напишала девојката на Твитер.
Некои ја обвиниле дека сето тоа го измислила, а други застанале во нејзина одбрана, па Твитер е преплавен со искуства од други луѓе кои се нашле во иста ситуација.
„Многу момци не веруваат во оваа приказна, бидејќи тоа нив не им се случува. Би сакала да искусат само едно излегување како жена“, „Верувајте ми, тоа им се случува многу почесто на жените, отколку на мажите“, биле дел од коментарите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.