четврток, 12 ноември 2026
Најново

Средби на претседателот Пендаровски со Бернар Емие, директор на ДГСЕ и Бруно Кал, директор на БНД

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Стево Пендаровски, на маргините на Минхенската безбедносна конференција оствари средби со Бернар Емие, директор на француската генерална дирекција за надворешна безбедност, ДГСЕ, и со Бруно Кал, директор на германската разузнавачка агенција БНД.

Соговорниците, за време на средбите, разменија мислења и информации за актуелните политичко-безбедносни состојби и предизвици поврзани со настаните во поширокиот регион.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На средбите претседателот Пендаровски оцени дека комуникацијата и соработката помеѓу безбедносните агенции се важни, особено меѓу членките на НАТО Алијансата, во рамки на која се водат разговори и консултации за справување со заедничките безбедносни предизвици.

Поврзани вести