Викендов 816 домови во Велика Британија беа поплавени, повеќето од нив на југозападниот дел на Англија, зафатен од големи врнежи.
Двајца починаа во невремето, жена настрадала од дрво што паднало врз неа, а маж починал откако неговиот автомобил бил однесен од речните води во Кембриџшир.
Околу 250 предупредувања за поплави и 300 алертни фази во Англија и Велс и уште две во Шкотска се издадени, откако Велика Британија беше зафатена од големи дождови.
Североистокот на Англија и северен Велс се соочуваат со можни поплави откако невремето кое донесе големи дождови се придвижи од југот кон северот на Англија.
Во Англија наврнале 60 милиметри дожд, соопшти Крис Фејвкес од Центарот за прогноза на BBC.
Се очекува неколку области во северен Велс да бидат потешко погодени.
Метеоролошката канцеларија издаде предупредување за врнежи од 50 до 70 мм.
Агенцијата за животна средина издаде повеќе од 250 предупредувања за поплави низ Англија и Велс, што значи дека повеќето луѓе ќе треба да преземат мерки за заштита од водата што надоаѓа.
Уште 298 помалку сериозни предупредувања се издадени, но сепак луѓето треба да бидат подготвени за големи води.
Шкотската агенција за животна средина, Сепа, издаде две предупредувања во Бордерс и Единбург.
Невремето не ја погоди Северна Ирска.
Многу патишта се затворени поради поплавите, најмногу во југозападна Англија. Националната железница објави дека линиите меѓу неколку градови ќе останат вон употреба во понеделник.
Во Малмсбури, четворица беа спасени од нивните домови од, како што рече градоначалникот, најтешките поплави во последните 70 години.
Во Плимут, Девон, околу 60 луѓе беа евакуирани поради безбедносни причини, а има информации за дузина заробени во своите автомобили.
За премиерот Дејвид Камерон, сцените од поплавите се шокантни, а во својата порака на Twitter, тој вели дека владата ќе направи сè за да им помогне на граѓаните.
Министерот за животна средина, Ричард Бенјон, е импресиониран од службите за итна интервенција и како Агенцијата за животна средина реагирала.
„Сметаме дека со акциите кои ги презедовме, 20.000 домови ќе бидат заштитени од уништување во поплавите“, рече министерот.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: