четврток, 12 ноември 2026
Најново

Средба Бесими – Вархеји: РС Македонија посветена на ЕУ перспективата и добилжување до европските стандарди

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

ЕУ перспективите на РС Македонија и очекувањата од француското претседателство за напредокот на процесот на отворање на пристапните преговори беа главните теми на средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со комесарот за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји, што се одржа во Брисел.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На средбата беа потенцирани приоритетите на Министерството за финансии насочени кон засилување на реформскиот процес во областа на управуањето со јавните финансии, забрзување на растот преку инвестиции и истовремена фискална консолидација, како и реформите предвидени во Прогрмата за економски реформи за периодот 2022-2024, за што веќе се почнати консултации меѓу Владата на РС Македонија и ЕК, а кои значат приближување кон ЕУ стандардот.

„Ќе се фокусирамe на имплементацијата на Економскиот и инвестициски план за да овозможиме исполнување на целите на агендата за пристапување во ЕУ, вклучувајќи го и спроведувањето на Зелената агенда, Дигиталната транзиција и другите стратегии и политики на ЕУ за земјите од Западен Балкан, истакна министерот Бесими на средбата и изрази благодарност за поддршката што ја добива нашата земја од ЕУ во справување со последиците од пандемијата со Ковид 19, како и во спроведување на значајни инфраструктурни проекти.

Владата, исто така, е силно посветеност за зајакнување на административните капацитети на ИПА структурите и го цени позитивниот исход од напредокот на ИПА програмата 2021 година. Усвоен е Акцискиот план за формирање нова ИПА структура, а националните структури работат посвтено на имплементација на текованта ИПА 2 програма со цел да се искористат што е можно повеќе од доделените средства.

Министерот на средбата истакна дека новата Влада останува посветена да го продолжи патот кон ЕУ и дека за тоа нема друга алтернатива. Очекувањата на РС Македонија од француското претседателство се да продолжат напорите за остварување напредок во овој процес.  Владата е подготвена  да го продолжи дијалогот со Бугарија за надминување на сите прашања, за што во тек се дискусии за секторка соработка,  и да се дојде до решенија кои ќе бидат консензуални и прифатливи за двете страни.

Поврзани вести