четврток, 12 ноември 2026
Најново

Претседателот Пендаровски на средба со делегација на Управувачката група за демократски развој при шведскиот Парламент

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Управувачката група за демократски развој при Парламентот на Кралството Шведска (Риксдаг), која престојува во работна посета на Република Северна Македонија, во рамки на билатералната соработка меѓу парламентите.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На средбата се констатираше дека Северна Македонија и Шведска развиваат динамични и пријателски односи и беа разгледани прашања поврзани со искористување на потенцијалот за збогатување на меѓусебната соработка во повеќе сфери.

Соговорниците изразија задоволство од парламентарната соработка, при што претседателот Пендаровски оцени дека Управувачката група за демократски развој помеѓу парламентите на двете држави е значајна, како за парламентарната, така и за билатералната соработка.

Претседателот Пендаровски упати благодарност за шведската принципиелна поддршка, за континуираната посветеност на процесот на проширување на ЕУ и заложбите за надминување на предизвиците во македонското досие. Тој порача дека отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија е клучно за поттикнување напредок и создавање поволни околности за другите отворени досиеја и за стабилност и просперитет на целиот регион.

Претседателот изрази благодарност и за континуираната развојна поддршка од Шведска во споделување искуства и зајакнување на капацитетите на институциите во земјава, особено на полето на демократијата, владеењето на правото, човековите права, родовата еднаквост, климатските промени, заштитата на еко-системите и инклузивниот економски развој.

На средбата стана збор и за политичките и безбедносните случувања во регионот и пошироко.

Поврзани вести