Иако не е житарка, хелдата во исхраната се користи на сличен начин како и житарките, но со своите нутритивни вредности ги надминува оризот, пченицата, пченката и просото. Таа има повеќе висококвалитетни протеини од сите нив, бидејќи содржи 8 есенцијални амино киселини, вклучувајќи ги и лизин и аргинин, кои се дефицитарни кај главните житни култури.
Хелдата претставува природен извор на минерали и витамини од кои: железо (помага во формирање на црвени крвни клетки и хемоглобин во крвта, и овозможува нормално снабдување на метаболизмот со енергија), цинк (помага во одржување на нормален метаболизам на јаглехидратите и репродуктивниот систем), калциум, јод, фосфор, бор, цинк, магнезиум, органски киселини и пектин, а од витамини содржи витамини од Б групата и витамин А.
Исхраната што вклучува хелда ќе ви даде сила и енергија, го прочистува организмот и придонесува да се намали телесната тежина. Хелдата помага при срцеви заболувања и го намалува нивото на холестерол во крвта. Исто така го чисти организмот и помага во правилно и здраво слабеење.
Печурките се познати како храна и лек веќе илјадници години. Имаат противвоспалително дејство, влијаат врз зајакнување на имунитетот и имаат антикарценогени својства.
Околу 90 гр печурки содржат 25% од ПДД за витамин Б2, 17% пДД за витамин Б3 и 13 ПДД за витамин Б5. Исто така се одличен извор на селен и бакар.
Овој руски специјалитет ги содржи овие две магични состојки, се подготвува брзо, а ќе ве држи сити долго време.