Шпански омлет – специјалитет за 20 минути

Состојки:
5 излупени компири
1 главица кромид, ситно сечкана
1 ½ до 2 чаши маслиново масло, за пржење
5 големи јајца
Сол
Магдонос

Подготовка:
Исечете ги компирите на парчиња и измешајте ги кромидот и компирите во сад, посолете по вкус и измешајте.
Во голема тефлонска тава загрејте го маслото и на умерен оган пропржете го кромидот и компирот.
Изматете ги јајцата. Кога зеленчукот е готов, прелијте ги јајцата, по неколку минути нежно превртете го омлетот и пржете уште неколку минути на тивок оган додека не биде готов.
На крај посипете со сечкан свеж магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.