Бебето Миа е родено околу 20:30 часот во петокот, откако луѓето ги слушнале криците на мајката и побрзале да помогнат при породувањето. Украинските медиуми пренесоа дека мајката и бебето се добри и биле пренесени во болница, а луѓето кои биле покрај нив породувањето го сметаат за „светла надеж“. Политичарката Хана Хопко на Facebook сподели фотографии направени неколку моменти по раѓањето на Миа.