
Петнаесет македонски агро-производители бесплатно ги усовршија своите дигитални вештини и веќе се во процес на пласирање на нивните производи на македонските платформи за интернет купување во рамки на проектот „Agri E-commerce“, кој го спроведува Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Проектот има за цел да одговори на потребите што доаѓаат од веб-платформите за е-
трговија за продажба на локално одгледувани агро-производи (свежи или преработени) од една страна, и од друга страна да им помогне на локалните агро-производители да ги продаваат своите производи надвор од својата област на живеење – преку Интернет.
„Ситуацијата со Ковид пандемијата ја забрза дигитализацијата на македонскиот пазар,
оттука сите засегнати во производството и трговијата мора да ги следат новите правила
што ги налага ситуацијата и пазарот. Нашиот фокус како винарија Бади е да бидеме
присутни на онлајн платформите на македонскиот пазар, а во некои идни планови и на
европскиот пазар.“ – изјави Блаже Миневски, од винаријата „Бади“.
Во рамки на проектот, агро-производителите поминаа низ четири различни обуки за
зајакнување на нивните дигитални вештини, меѓу кои: учење на основите, можностите и
регулативите во е-трговијата, практични примери и совети поврзани со маркетинг на
социјалните медиуми, запознавање со алатките за дигитален маркетинг за е-трговија и
запознавање со условите за онлајн продажба кај различни е-трговци.
Софија Шутова, од агро-бизнисот „Сид оф лајф“ кој е дел од учесниците на овој проект,
вели дека обуките донеле големи придобивки во нивното работење.
„Обуките беа пред сè многу практични и интерактивни. Предавачите имаа големо
искуство во областа на онлајн продажбата и маркетингот, па можевме директно да
поставуваме прашања и да учиме од нив. Конкретно мене најмногу ми користеа
споделените алатки за креирање на привлечни содржини на социјалните медиуми и
советите за креирање маркетинг стратегија.“ – изјави таа.


