Цеца се прошета со чанта од КРОКОДИЛСКА КОЖА, која чини неверојатни 80.000 евра

Модните познавачи внимателно го следат секое појавување на Цеца на снимањето на шоуто „Ѕвезде Гранда“
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно ги воодушеви сите со својот стајлинг за снимањето на новата емисија „Ѕвезде Гранда“.

Имено, Цеца за оваа пригода избра сина јакна со светки, црни кожени панталони и црна маичка со прерамки. Стајлингот го пофалија многумина, а сите ја забележаа чантата која го украде шоуто.
Станува збор за чанта на престижниот бренд „Hermes“ направена од крокодилска кожа, која чини повеќе од 80.000 евра и е достапна само за ВИП клиенти.
Од странските ѕвезди, Викторија Бекам важи за вистински љубител на овој бренд и ги има сите модели и меѓу првите ги добива новите модели.
Цеца ги поздрави присутните новинари и веднаш се упати кон студиото каде ја чекаа нејзините кандидати и колегите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.