петок, 13 ноември 2026
Најново

Во терористички напад во Багдад најмалку 27 загинати

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Најмалку 27 лица загинаа, а 50-ина се ранети во терористичкиот напад во вторникот врз воена база во близината на ирачката престолнина Багдад, јави Reuters повикувајќи се на претставници на локалните медицински служби.

Терористите во вторникот со автомобил натоварен со експлозив се обидел да продре на територијата на воената база во Таџи, а експлодирал кога од базата излегла чета војници. Меѓу загинатите се и неколку припадници на офицерскиот кадар на ирачката армија.
Според панарапската сателитска телевизија Al Jazeera, нападот го извел бомбаш самоубиец.
Претходно во понеделникот, исто така, во областа на Таџи беше изведен терористички напад во кој беа ранети осум лица.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Макфакс

Погледнете ги следниве статии

Осум полицајци и четири војници убиени во терористички напад во Турција

САД го карактеризираше нападот во Бенгази како терористички

Над 20 лица загинати во серија бомбашки напади во Ирак

Поврзани вести