четврток, 12 ноември 2026
Најново

УШТЕ НЕ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЦЕЛОСНО УКИНУВАЊЕ НА КОВИД МЕРКИТЕ, А ВО ДРЖАВИТЕ КАДЕ ТОА СЕ СЛУЧИ НАГЛО РАСТАТ БРОЈКИТЕ НА ЗАБОЛЕНИ, ВЕЛИ МИНИСТЕРОТ САЛИ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ние посакуваме уште утре да ги олесниме рестриктивните мерки за ковид-19, но сметаме дека уште не сме подготвени за тоа, рече министерот за здравство Беким Сали. Тој додаде дека во другите европски држави каде беа укинати мерките, а имаат висок процент на имунизација, нагло се бележи зголемување на новозаболени.
„Според новата методологија што се применува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, а не врз поединците, еден од индикаторите е број на хоспитализирани пациенти, според тоа не сме спремни за намалување на мерките“, рече министерот.

Сепак, епидемиолошката состојба е подобрена, па ковид- центрите кои беа отворени низ клиниките се затворени. Со ковид пациенти работат само Инфективната клиника и ГОБ „8. Септември“ во Скопје, во болниците од внатрешноста само инфективните одделенија.
Кампањата за вакцинација преку СМС пораки продолжува и за 60 проценти се зголемила динамиката за имунизација. Исто така продолжува и серолошкото тестирање кај населението.
„Сепак си дадовме за себе задача уште две-три недели да ја следиме општата состојба и кај нас и во регионот што се случува, посебно откако во земјите каде беа укинати мерките расте бројот на новоинфицирани“, рече Сали.

Поврзани вести