четврток, 12 ноември 2026
Најново

Антикризните мерки на Владата веднаш дадоа резултати – од денеска пониски цени на горивата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новите 26 антикризни мерки на Владата, вредни 400 милиони евра веќе даваат резултат.

Со усвоените измени и дополнувања на законите на ДДВ и за акцизата во Собранието, на предлог на Владата како дел од антикризните мерки, од денеска се намалени цените на нафтените  деривати и горивата за транспорт.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Со ефикасното спроведување на постапката, примената на антикризните мерки доведе до намалување на цената на горивата и со тоа бензинот БС-95 се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Соодветно на намалената акциза и ДДВ за нафтените деривати, се намали и цената на другите горива.

Ова се само дел резултатите од мерките за намалување на ДДВ и акцизата за горивата како единствен приоритет на Владата како што е заштитата на стандардот на граѓаните и одржување на економска стабилност.

Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

Продолжува субвенционирањето на граѓаните за електрична енергија, решен е проблемот со затоплување во Скопје, опстојуваме на поддршката на финансиски ранливите категории на граѓани за струја и за купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот се насочуваат за поддршка на граѓаните и компаниите.

Покрај сите овие кризни мерки, Владата ја покачи и минималната плата на 18.000 денари и оствари рекордно покачување на пензиите, вклучувајќи и дополнителна финансиска поддршка за пензионерите.

Поврзани вести