Аргентинска чоколадна торта

Аргентинската чоколадна торта е едноставна и вкусна која брзо се подготвува. TasteAtlas е светски атлас за храна со список од повеќе од 10.000 јадења, а неодамна ја прогласи за најдобра торта во светот.
Потребни состојки:
-200 г карамел сос
-150 г крем-сирење
-2 лажици павлака
-230 г обични чоколадни бисквити
-една шолја подготвено инстант кафе
-30 г темно чоколадо за декорација

Начин на подготовка:
Во оригиналниот рецепт се користи купечки карамел сос, а доколку не може да го најдете во продавница, може да користите и кондензирано млеко.
Во голем сад со миксер изматете го карамел сосот и крем-сирењето за да добиете компактна смеса. Додадете ја павлаката и продолжете со мешање, треба да добиете смеса со светла карамел боја.
Подгответе го инстант кафето и сипете го во плиток сад. Потопете ги бисквитите во кафето, па редете ги на плех обложен со мрсна хартија. Врз бисквитите рамномерно распоредете ја смесата од карамел, а потоа повторно наредете бисквити, па смесата. Постапката повторете ја додека не го потрошите целиот крем, а последниот слој треба да биде фил од карамел сосот.
Темното чоколадо стопете го на пареа и прелијте рамномерно над тортата. Оставете во фрижидер да се стегне најмалку четири часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.