Најдоброто природно ѓубриво: Пробајте наводнување со квасец

Клучот е во ѓубрењето кое е поевтино и поприродно, а резултатите се веднаш видливи.
На растенијата им треба малку повеќе внимание во текот на пролетта. Но, дали знаевте дека скапите и вештачки ѓубрива од аптека можат да се заменат со квасец?
Промени во растенијата
Недостатокот на хранливи материи во подлогата се рефлектира во промените на самите растенија. Ако растението полека расте, не да цвета, има промени во листовите, коренот слабо се развива, и слично, тоа се показатели дека нешто му фали, како и дека му е потребна подобра грижа.
За да ги поправите овие проблеми треба растенијата да ги храните од време на време. Кога станува збор за цвеќе, обично се дава течно ѓубриво, природно или вештачко. Задолжително пробајте ѓубриво од квасец, бидејќи искуствата се многу позитивни.

Зошто да се хранат растенијата со квасец?
Ќе добиете побрз раст, подобро цветање, поубави лисја и поцврсти корени. Квасецот содржи состојки кои добро делуваат на растот и развојот на растенијата – витамини Б комплекс, фитохормони и ауксин. Замислете како расте тестото кога месите леб – слично растат и растенијата кога им се дава квасец.
Како да направите раствор од квасец
Растворот од квасец за цвеќиња и други растенија се прави со додавање на 1 лажичка шеќер и 1 литар вода на 10 грама квасец.
Во зависност од тоа колку раствор ви треба за наводнување на растенијата, пропорционално ќе направите доволна количина. Измешајте ги состојките и оставете да отстои неколку часа, па повторно промешајте и наводнете ги растенијата. Совет е растворот секогаш да биде свеж.
Хранењето на цвеќињата со квасец се врши на 10 до 15 дена. Во текот на летото, со овој раствор може да се полеваат еднаш неделно. Состојките од квасецот го подобруваат квалитетот на почвата, што им одговара на растенијата. Растенијата стануваат посилни, а ѓубрењето со квасец може да се користи и за домашни и за градинарски растенија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.