Чоколаден кокос ролат од само 3 состојки: Готов за 15 минути, а вкусот е божествен

Кокос ролатот без печење се подготвува за миг, а буквално се топи во уста при секој залак.
Понекогаш е тешко да се најде инспирација за брз, вкусен и едноставен рецепт, без многу мака. Овој колач вклучува само три состојки, а особено ќе ги воодушеви љубителите на кокос. Најдобро од сè е што за негова подготовка воопшто не треба да вклучувате шпорет, а се припрема за максимум за 15 минути.

Потребни состојки:

  • 300 гр. кокосово брашно
  • 200 мл. кондензирано млеко
  • 30 гр. какао во прав
    Начин на подготовка:
    Во чинија ставете го кокосовото брашно, додајте го кондензираното млеко, па сето тоа промешајте го за да се соедини убаво. Доколку ви е полесно, можете да ја изгмечите смесата со раце.
    Поделете ја смесата на две дела, па во едната половина додајте какао во прав и измешајте.
    На проѕирна фолија прво обликувајте ја белата смеса во правоаголник со дебелина од околу половина центиметар.
    Истото направете го и со смесата со какао, па ставете ја преку белата кора.
    Со помош на фолијата, внимателно направете ролат, завиткајте го и оставете го во фрижидер половина час да се стегне.
    Исечете го на парчиња и послужете.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.