Знаете ли за што служи ребрестото дно во замрзнувачот?

Можеби не сте забележале, но фиоката на замрзнувачот има рамномерно распоредени засеци на дното, па изгледа како да е ребреста. Оние кои веќе го забележале тоа, најчесто мислат дека овие вдлабнатини немаат функција и дека одреден модел е направен на овој начин.
Корисничката на Facebook, Тамика Ејнџел Вилсон откри за што всушност служат овие ребра и ги остави сите во неверување.
Таа со фотографија ја покажа внатрешноста на својот замрзнувач, а начинот на кој ги распореди пакувањата со месо им ги отвори очите на многумина. Наместо да ги нареди хоризонтално, една врз друга, Вилсон ги нареди пакувањата со месо исправено, како книги на полица.
„Колку години имавте кога откривте дека линиите на дното на замрзнувачот се создадени за да ги одржуваат пакувањата со месо исправени?“, напиша Тамика, а нејзината објава за рекордно време стана вирална.

Сите на мрежите го споделуваат и се чудат како не им паднало на памет порано.
„Цел живот ставам храна во замрзнувач. Ова ми ги отвори очите!“, „Ова конечно има смисла“, „Ти благодарим за ова, одлична заштеда на простор!“, се дел од коментарите.
Има и такви кои тврдат дека вдлабнатините служат за собирање крв и течност што истекува од месото, а некои мислат дека ребрестото дно придонесува за подобра циркулација на воздухот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.