четврток, 12 ноември 2026
Најново

Уругвај го озакони абортусот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уругвајскиот конгрес во средата со тесно мнозинство гласаше за легализација на абортусот во првите 12 седмици од бременоста, што е реткост за мнозинската Латинска Америка.

Уругвајскиот Сенат гласаше со 17 гласа „за“ и 14 „против“ за предлог-законот, кој долниот дом на парламентот го прифати минатиот месец по 14 часовна расправа. Претседателот Хоза Мујика, поранешен левичарски герилец, најави дека ќе го потпише предлогот кој така ќе стане закон.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Во Латинска Америка живеат околу половината католици во светот, а црквата се спротиставува под кои и да се околности. Уругвај, меѓутоа, за разлика од другите јужноамерикански земји, има силна секуларна традиција.

Уругвајскиот парламент сличен предлог го прифати во 2008 година, но тогашниот претседател Табаре Васкез, инаку онколог по професија, стави вето на него. Водечките опозициски партии најавија дека ќе бараат референдум за отфрлање на новиот закон.

Неодамна едно истражување на јавното мнение покажа дека 2 отсто од Уругвајците веруваат дека абортусот треба да се легализира, а на тоа се спротиставуваат 34 отсто.

Уругвај е третата латиноамериканска земја којашто го озаконува абортусот до 12-та седмица од бременоста, по комунистичка Куба во 1965 година во Гвајана во 1995 година.

Макфакс

Поврзани вести